Новогодишна видео честитка од Петар за читателите на Fashionel

Покрај признанието што Fashionel и го додели на емисијата „Петар за појадок и пауза“ за најслушана и најзабавна за изминатата година, во рацете на единствениот маж од екипата отиде и титулата за најдобро облечен!

Со оглед на тоа што во моментов Петар Ѓошев престојува во Амстердам, ние го замоливме да ни сними видео – честитка за нашите читатели во која ќе им посака среќни празници.

Во видеото, тој им ги честита новогодишните празници на сите читатели на Fashionel и им посакува многу љубов и здравје и секако, ги кани на групна терапија секој ден од 09 до пладне на фреквенцијата на Метрополис радио.

Ова е само првото од низата новогодишни видео – честитки од сите оние што оставија печат изминатата година!

Објавено:
18 декември 2014