Mагичен базар во Скопје

18 декември 2014

Во рамките на предновогодишната атмосфера, која годинава го носи името „Меџик Сити”, Скопје Сити Мол, во соработка со Занаетчиската комора на Македонија, го најавува предновогодишниот магичен базар, кој се оддржува во молот. Рачно изработени предмети, накит и украси се дел од работите кои ќе можат да се најдат на базарот, а се убав новогодишен подарок. Како дел од настанот, предвиден е и избор на најдобар излагач, токму од посетителите кои ќе можат да го дадат својот глас и да го изберат најдобриот, за кој е предвиден интересен, новогодишен подарок.

„Базарот, кој ќе се оддржува од 18 до 21 декември, го организираме со цел презентација на уникатни и убави предмети, изработени од македонски раце. Заедно со Занаетчиската комора, одлучивме да воведеме и избор на најдобар излагач – нешто што посетителите преку пополнување на ваучер ќе можат да го направат. Оној кој ќе добие најмногу гласови, ќе може да го задржи својот штанд до крајот на календарска 2014 година во Скопје Сити Мол. Дополнително, продолжува со работа Сити Кидс. Клубот со интерактивни претстави, креативни работилници и други интересни активности, а тинејџерскиот предизвик за учество во маратонскиот Плејстејшн турнир кој носи вредни награди, се отворен за нови кандидати. Веруваме дека ова е супер предновогодишна забава, која во форма на подарок, сакаме да им ја овозможиме на посетителите и со тоа, да им ја честитаме новата година”, соопштува Александра Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.

 

Викендите за најмладите, кои веќе втора недела се оддржуваат во Сити Кидс Клубот, продолжуваат и понатаму. Детската претстава со кралицата Слаткица е вистински погодок за најмладите, заедно со едукативните игри. Пеењето во хорче, истотака ги започна подготовките за својот настап на 27-ми декември, а сите заинтересирани можат да се пријават за да земат учество во приредбата.

За крај, потрагата по Дедо Мраз во лавиринтот е во полн ек! Најголемиот лавиринт, предизвикува – Влези и пронајди го Дедо Мраз. Големата потрага по него продолжува...

 

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Актуел