Задолжителна Елена Лука комбинација за оваа вечер!

20 декември 2014

Оваа саботна вечер бидете Елена Лука девојка! Од модната куќа предлагаат шик- комбинација составена од три уникатни парчиња. Каде и да одлучите да ја поминете оваа прекрасна вечер, издвојте се од сите останати со овие парчиња од брендот кои раскажуваат поинаква модна приказна.

 

Денеска носиме елегантни темно сини панталони во комбинација со црна кошула од висококвалитетен жоржет со шал јака, која во зависност од вашата креативност, можете да ја врзувате на различни начини.

Како јаготка на шлагот, стајлингот го дополнуваме со фантастично минималистичко палто изработенот од штоф во темно сина боја. Она што го прави ова палто тотално поразлично од сите останати, е контрастната асиметрична јака изработена од кадифе во окер боја.

За стајлингот да биде целосен, парчињата ги комбинираме со кратки црни, лаковани чизми, со златна трака во пределот кај глуждот.

Ви посакуваме убава вечер!

Објавено:
20 декември 2014
Категорија: 
Без категорија