Бизнис колекција: Црна женствена кошула во четири комбинации

30 декември 2014

Денешниот предлог од бизнис колекцијата на модната куќа Елена Лука е црната женствена кошула од жоржет која е совршена за правење на повеќе комбинации.

Во пресрет на новогодишните празници, издвојте се од сите останати и носете ја со одличните црно – сини панталони од брокат или пак со овие предлог здолништа од модната куќа.

Доколку сакате да изгледате подеднакво елегантно и софистицирано овие празнични денови, кошулата комбинирајте ја со темно сино здолниште со метален патент на средината и шик- џебови од страните.

Ако сепак сте девојка која речиси секогаш игра на сигурна карта, тогаш целосно црната комбинација е совршениот избор за вас. Кошулата од жоржет со повеќе начини на врзување, комбинирајте ја со ова одлично здолниште до колена во црна боја и уникатно врзување во задниот дел.

IMG_9749

Последен од денешните предновогодишни предлози е светло сивото здолниште што ќе внесе вистинска свежина во целата комбинација. Во горниот дел, истото е украсено со нежен сатен во црна боја од кој се создадени и страничните урбани џебови.

Без разлика на тоа што ќе одберете, сигурни сме дека сите очи ќе бидат вперени кон вас!

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Без категорија