tumblr_mrh8avmOfV1s7c0ffo1_500

Можеби насловот ве инспирираше да размислите како би изгледало околу вас наместо парфем да се шири мирис на алкохол. Шкотската модна компанија Harris Tweed Hebrides осмисли линија на облека која има мирис на виски, верувајќи дека тој чекор ќе ја прекине популарноста на твидот како материјал.

Harris Tweed Hebrides својата нова колекција ја претпставија во популарната поранешна берлинска пивница.

-Нема да мирисате како да сте биле во биртија. Ова е нешто многу попрофинето, по малку апстрактно. Облеката го задржува овој посебен мирис и после хемиското чистење.

А ако пак со себе сакате да си носите пијалок, тогаш ставете си шишенце во чевла. Како? Џони Вокер и Оливер Свинеј имаат уникатно решение - во петата, односно потпетицата е направено место за шишенце од овој легендарен пијалок.

johnnie-walker-cipele01

Чевлите ги красат и извезени иницијали ЏВ (JW), црвени врвки и препознатливиот цртеж, едно од најпрепознатливите логоа во светот. Погледнете.

johnnie-walker-cipele03johnnie-walker-cipele04

Објавено:
31 декември 2014
Категорија: 
Без категорија