Во деловниот свет многу е значајно да останете доследни на конкретниот дрес код на вашето работно место, а притоа да не „заглавите“ со едноличниот и сив корпоративен изглед.
Затоа Бизнис колекцијата на Елена Лука ви нуди варијанта на различни трансформации на едно исто парче облека.
Фустанот до под колена со линија што ја следи силуетата на телото е незаменлива класика во изгледот на една деловна жена. Бенефитот што го овозможува елегантниот фустан од Бизнис колекцијата на Елена Лука е дополнителното парче изработено од висококвалитетен жоржет во предниот дел, кое овозможува различни варијации: да го носите како лелеаво парче што паѓа слободно, како елегантен шал околу вратот или со истото парче да ја нагласите половината.
Овој елегантен фустан изработен од памучен материјал е достапен во бела, црна и бледо розова боја во повеќе конфекциски броеви. Со тоа лесно може да се комбинира и со различни модни додатоци како чевли на ниски или високи потпетици, дамски шешири или минимален накит.