Бизнис колекција: Колоритни капути за забавна зима!

27 ноември 2014

Во екот на зимата, капутот е основното и задолжително парче што секоја дама треба да го има во својот плакар.

Оваа студена сезона, модната куќа Елена Лука Ви нуди фасцинантен избор на капути во прекрасна палета на бои како никогаш до сега!

Внесете свежина во сивите зимски денови со овој трендовски капут во жолта боја, изработен од висококвалитетна волнена чоја, со закопчување со метален патент.

Покрај тоа што овој капут ќе ја разигра секоја ваша комбинација, истиот ќе ви овозможи топли и удобни зимски денови.

За дамите обожавателки на дезените, тимот на модната куќа подготви и кариран капут кој покрај тоа што оваа зима ќе ви ја овозможи потребната топлина, тој ќе внесе и неверојатна забава во дневните стајлинзи.

Елена Лука никогаш не ги заборава и оние дами кои речиси секогаш се одлучуваат за класични и елегантни варијанти, па така овој модел на капут ни го носи и во темно сива боја.

Истиот можете да го комбинирате со вашите секојдневни бизнис – стајлинзи, но и со оние поелегантни варијанти за специјални пригоди.

Доколку пак оваа зима сакате да носите капут во розова, црвена или црна нијанса, модната куќа нѐ разгалува со подеднакво модерни, уникатни и неодоливи модели за храбри и смели девојки.

Зимата може да биде забавно и стилско годишно време!

Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија