Сакото е задолжително парче во имиџот на секоја деловна жена, пред се’ бидејќи соодветно се комбинира и со останатите бизнис парчиња.
Кратко бело сако од Бизнис колекцијата на Елена Лука е нашиот предлог за вашиот денешен изглед.
Впечатлив детаљ кај ова бело сако изработено од сјаен штоф е закопчувањето со уникатен брош во пределот на половината.
Може да се комбинира во различни варијанти со панталони или здолништа, со кошули или ролки.
Во еден од стилизираните изгледи во конкретниов пример, сакото е спарено со панталони од волнен штоф во комбинација со свила, од истата колекција на Елена Лука. Бидејќи белата лесно се комбинира со било која боја, тоа ви дава креативна слобода кога треба да ја изберете бојата на кошулата која на пример ќе ја носите под сакото.