Задолжително парче: Кратко бело сако
•
3 јануари 2015
После празниците веројатно ве очекуваат нови деловни предизвици. А за тоа ви е потребна и соодветна облека. Задолжителното парче за денес е од Елена Лука, а се работи за кратко бело сако. Изработено е од штоф со сјај, а во пределот на половината има закопчување со брош. Токму овој детаљ го прави одлично и за деловни свечености, каде што треба да покажете елеганција.
На фотографијата, ова сако е искомбинирано со кошула од црн жоржет и црни панталони. Црно-белите комбинации се модна класика, со која секогаш ќе го направите вистинскиот избор.
Подгответе се за одличен деловен старт на новата година.