Еуфоријата по повод велигденските празници е во полн ек, но сепак вашата слатка обврска да ја одберете идеалната креација за вашата матурска ноќ постојано ве мачи. Модната куќа Елена Лука постојано мисли на младите матурантки, па затоа и денес реши да ве изненади со оригинален спој на моден дизајн што сигурно ќе ви се допадне.
Станува збор, за фустан во нежна карамел нијанса во рrincess крој со должина до над колена. Горниот дел е во форма на корсет изработен од сатен, дефиниран со нежни линии навезени со светки во бронзен сјај. Долниот дел е изработен од повеќе слоеви тул, што брановидно се лелеават под половината и му даваат волумен на здолништето, за да се постигне ефектот на принцеза. Едноставноста на кројот и гламурозноста на светкавите детали му даваат префинета и елегантна нота на целиот стајлинг.
Со овој прекрасен дизајн одлично би соодвествувале клач-чанта изработена целосно од светки во бронзени нијанси за да одговараат со фустанот. Модната композицијата не би била целосна без сандали. Па, за оваа пригода ве советуваме да одберете сандали со ремчиња во вид на плетенка што се закопчуваат на глуждот, изработени од истиот материјал како и чантата. Со овој предлог стајлинг, бидете сигурни дека вашата појава на матурската ноќ нема да остане незабележана