Дизајнерската модна приказна „Златни узди“ што модната куќа ја раскажа за актуелната сезона пролет-лето 2014 е целосно во знакот на гламурот, луксузот и романтиката. Прекрасната градација на конструкциите на моделите и софистицирана игра на бои нека биде ваша инспирација и избор со кој што ќе ја одбележите матурската ноќ.

Денешниот дизајн на креацијата е целосно изработен од тафт, органтин и тантела во златна и црна боја. Иновативен дизајнерски пристап на рачно моделирани парчиња, крунисани со златна плочка на која е испишано логото на модната куќа. Горниот дел е стилизиран корсет изработен од тафт, а долниот дел од тоалетата во предниот дел е пократок, а позади е подолг. Женската елеганција е нагласена во хармоничното претопување на материјалите во долниот дел од фустанот во брановидви форми главно изработен од тафт, органтин за да се постигне волумен и контрастен микс  на високо квалитетен избор на златна и црна тантела.

Автентичноста и уникатноста на креацијата ќе ја нагласите доколку одберете чевли и чанта со потписот на реномираниот моден бренд. Малата клач-чанта и сандалите се целосно изработени од високо сјајна лакирана црна кожа, украсени со златни детали и плочки со логото на куќата. Пуштете да ве води модниот сензибилитет и препуштете се во рацете на Елена Лука бидејќи овде модните соништа стануваат реалност.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Без категорија