elena-luka-princess-02

Романтичните дами секогаш предност им даваат на пастелните нијанси, а од таа основа настана и оваа уникантна креација на модната куќа Елена Лука, која е комбинација на сурова и транспарентна свила во розова нијанса со тантела во сива боја. Корсетот е украсен со цветни апликации кои во делот на струкот преминуваат во крупно навезени стаклени камчиња.  За дополнителна драматичност допринесува долниот лелеав дел, кој ќе ви овозможи лесни движења во текот на целата матурска вечер.

Секој стајлинг е комплетен кога е со соодветни аксесоари. За конкретната креација, тимот на Елена Лука ви препорачува да изберете чанта и обетки кои ќе бидат со камчиња слични на моделот на корстетот, за да се добие една уникатна целина. За крај, одберете сандали во сребрена нијанса и на висока потпетица за да ја истакнете вашата телесна структура.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Без категорија