elena-luka-princess-04

Виолетовата боја е ин оваа сезона. Елена Лука како предлог за матурантките направи фустан со варијација од повеќе нијанси на оваа актуелна боја.

Креацијата е составена од корсет збогатен со рачно навезени монистра и тул во повеќе слоеви. Долниот дел од фустанот продолжува со слоевит тул, но во темно виолетова нијанса за разлика од горниот дел, кој ја разбива монотонијата со неколку нијанси од истата боја. Струкот е нагласен со мобилен колан со кој може да експериментирате на повеќе начини.

Бидејќи во целата креација преовладуваат посветли и потемни тонови на виолетовата нијанса, ние ви предлагаме изборот на модни додатоци да биде во истата боја. Односно одберете плик чанта со монистра како горниот дел од фустанот, а чевлите нека бидат едноставни – салонка на висока потпетица со отворен прст. Во однос на накитот, одберете прстен со впечатлив камен во виолетова нијанса.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Без категорија