elena-luka-princess-08

Комбинацијата на црната и белата се секогаш сигурен избор како за едноставни секојдневни комбинации, така и кога станува збор за изборот на стајлинг за посебни моменти, како матурската забава. Елена Лука ви предлага спој на  двете контрастни бои во коктел фустан со волуменозен долен дел.

Горниот дел е изработен од бело жерсе со транспарентен дел меѓу градите и струкот што допринесува за дополнителна женствена конотација на моделот. Делот под струкот е збогатен со рачно моделирани детали од тул,  а надолу фустанот продолжува во повеќеслоен органтин.

Со модните аксесоари надополнете го колоритот со избор на чанта во интензивна црвена боја, во форма на јаболко од циркони. На овој начин ќе внесете дополнителна свежина во комплетниот изглед.

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Без категорија