Елеганцијата никогаш не излегува од мода. За да се постигне впечатлив, но истовремено и ненаметлив изглед кој ќе биде во согласност со поводот и годините, модната куќа Елена Лука ви предлага софистицирана и елегантна тоалета во црвена боја.
Формата на фустанот дозволува слобода во движењата која е неопходна за матурските прослави поради фалтираниот долен дел кој слободно паѓа. Нагласениот струк со циркони допринесува истакнување на структурата на телото. Формата на корсетот е совршена за нагласување на рамената и деколтето. Тоалетата може да ја комбинирате со сандали со светкави камчиња со висока потпетица и со отворени прсти и мини клач чанта во златна нијанса. Бидејќи е потребно да го истакнете горниот дел, од накит ние ве советуваме да носите само впечатливи обетки во модерна конотација со специфична форма.