Доколку сакате да го потенцирате вашиот оригинален стил, тогаш за вашата матурска забава одберете фустан од сатен со уникатно изработени рачни везови. Богатата текстура на текстилни бои во комбинација со брокат и цртеж од цветови кои се навезени со стаклени мониста ќе направи да изгледате заводливо и елегантно.

Со богатиот долен дел на креацијата изработен од повеќеслоен тул со материјал од ситно плисе на вашата матурска забава ќе изгледате како вистинска аристократска дама и целосно ќе се издвоите од толпата. Црната основа на материјалот и златните нијанси на украсните мониста му придаваат дискретен луксуз на целиот дизајн.

За оваа креација да биде целосна ќе ви бидат потребни елегантни сандали во црна боја со вкрстени ремчиња и висока потпетица, мала црна чанта со украсно копче и обетки со црн камен и ситни мониста во црно-златна боја во средна големина кои совршено ќе се вклопат во композицијата на фустанот.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Без категорија