banerEL29

Нежно, романтично, младешки, а со тоа и впечатливо се зборовите со кои би можела да се опише оваа денешна матурска комбинација која ја предлага модниот бренд Елена Лука. Со оглед дека располагаат со голем број модели, а воедно секогаш се тука да ги исполнат желбите на купувачите, или во случајот матурантките, денеска се одлучија за оние што сакаат да ја истакнат својата нежна страна, а сепак да бидат во тренд.

Фустанот во добропознат принцес крој, е изработен од комбинација на материјали и тоа шармез, сатен и жерсе. Ракавите се транспарентни, додека долниот дел e од повеќеслоен материјал. Во пределот околу вратот се навезени монисти што одлично го украсува моделот, а надополнето со цветната композиција над половината. На тој начин се дополнува свечената и гламурозна нота и покрај нежноста на боите и самиот модел.

Креацијата можете да ја комбинирате со бели потпетици на платформа, транспарентна чанта која е вистински тренд неколку сезони наназад. Нежните, а сепак впечатливи обетки совршено се вклопуваат во севкупниот концепт, како со боите, така и сто стилот на фустанот.

Доколку се двоумевте или се уште не знаете што да носите за вашата матурска вечер, сигурни сме дека тимот на Елена Лука и овој пат ви помогна да донесете одлука.

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Без категорија