Начинот на исхрана помага да го намалиме стресот

28 март 2017

Грижата за себеси е секако и рамнотежа во вашата исхрана која влијае многу на вашето здравје и може позитивно да влијае на вашето расположение. Иако сме свесни за фактот дека при чести анксиозни појави како што се отежнато дишење, тресење на раце, малкумина од нс ќе посегнат по здрава храна за да го решат својот проблем. Неколку реда млечна чоколада е најчестиот избор за совладување на ова непријатно чувство, a патем тоа парче чоколадо неколку минути ќе ни пружи утеха и малку ќе ни го намали чувството на тешкотија. Неколку совети за здрава исхрана која ќе ви помогне во стресни ситуации:

Чај од камилица
Поради својата моќ за опуштање на организмот одвнатре, камилицата е една од најпристапните и најпознатите антидепресиви што го смируваат чувството на немир.


Лосос
Рибата е избор кој секогаш се споменува како составен и многу важен дел на здрава и балансирана храна. Редовното конзумирање на риба, поточно лосос е исклучително важно и претставува одличен почеток во секојдневната борба со анксиозноста. Кога адреналинот го зголемува бројот на отчукувања на вашето срце и создава генерално чувство на страв, лососот помага да ги намали негативните последици.

Авокадо
Авокадото ги оправдува сите комплименти за здрава исхрана. Како и да го јадете авокадото содржи витамин Б, го намалува крвниот притисок што директно влијае на здравјето на вашиот мозок.


Јогурт
Високата застапеност на витаминот Б6 и Б12, калциум, магнезиум, протеин допринесува исто така за намалување на крвниот притисок. Треба да го имате постојано во вашиот фрижидер.

Црна чоколада
Млечната чоколада не е воопшто корисна, но затоа црната чоколада е полна со антиоксиданси, 72 проценти на какао, а сето ова ќе допринесе и ќе ги намали хормоните на стресот и многу брзо ќе се навикнете на неа .

 

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
712 пати
Извор: 
Independent.co.uk