Ацтеките ја нарекувале храна на боговите, во Европа ја користеле како лек, а денеска е најпознато слатко задоволство, нејзиното височество чоколадата. Има неколку добри работи кои треба да ги знаете ако веќе толку сакате да ја консумирате. Секако станува збор за онаа горчлива (црна) чоколада со 70 проценти па и повеќе какао во неа.
Кога консумирате таков вид на чоколадо во вашето тело се случуваат низа на прекрасни работи, тврдат научниците.
Во првите 10 минути откако ќе се изедете неколку коцки очекувајте го следново:
-подобро расположение благодарение на есенсијалната аминокиселина триптофан која пак го потикнува лачењето на хормонот на среќа серотонин
-намалување на крвниот притисок
-го штити заштитиниот слој на забите благодарение на маслото од какао кое го спречува ширењето на бактерии
-ја подобрува борбата со кашлицата поради присуството на теоброминот, станува збор за горчлив алкалоид од дрвото на какаото, а научниците велат дека е покорисен од кодеинот
-го храно вашиот организам со витамините Б1, Б2, Е, бета каротен, калциум, магнезиум, натриум, железо
-чоколадото помага при превенција на дијабетисот поради флавоноидите
-го намалува стресот и позитивно влијае на хормоните
-ја намалува потребата за нездрави шеќери и други колачи
Со редовна консумирање на темното чоколадо влијанието е следно:
-го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
-добро делува на крвните садови
-го подобрува памтењето, особено кај повозрасните благодарение на магнезиумот
-го успорува стареењето затоа што е полна со антиоксиданси
За крај уште еднаш да се потсетиме, станува збор за чоколадо кое содржи 70 и повеќе проценти какао.