Револуционерна дијамантска нега на стапалата

25 февруари 2015

Светски познатиот бренд за ортопедски обувки и нега на стапалата Dr.Scholl на пазарот пласираше уште еден револуционерен производ.

Станува збор за Velvet Soft, електричен апарат за пети што за со помош на дијамантскиот ролер ефикасно ја отстранува тврдата кожа на петите.

Ролерот на Velvet Soft во себе содржи дијамантски кристали и истиот е многу лесен за користење.

Светските истражувања покажуваат дека над 85 проценти од луѓето го сметаат за многу покорисен од сите останати производи за справување со тврдата кожа на петите, а многу од нив посочуваат дека тој е неверојатно пријатен за користење.

„Scholl е бренд што е пионер во најиновативните решенија за нега на стапалата и чии производи многу често се и медицински препарати. Дополнителната предност на овие производи е тоа што истите се дизајнирани за лесна и едноставна употреба, што уште еднаш го потврдува и последниот производ од лабораторијата на Scholl, а тоа е апаратот Velvet Soft“, изјави на денешната презентација Елена Гагиќ од Меркур Трејд, официјален дистрибутер за Македонија.

Компанијата Scholl во досегашното постоење има развиено повеќе од 1.000 производи за нега на стапалата.

Објавено:
25 февруари 2015
Категорија: 
Убавина