WOW и LOL на неделата
•
26 ноември 2013
За WOW на неделата ја избравме Џенифер Лопез која на доделувањето на Американските музички награди се појави во тоалета на Зухаир Мурад, со бронзени кристали од Сваровски и клач чанта
За LOL на неделата ја избравме Обри О’Деј која очигледно заборавила на каква манифестација доаѓа. Истакнувањето на женскиот сексапил не се изразува само преку облеката, туку тоа е и начин на однесување. Со ваква неприкладна облека составена од длабоко деколте и длабок шлиц може само да се каже дека изгледа ефтино, но ни најмалку модерно.