На црвените килими продефилираа разни аутфити. Познатите ѕвезди носеа парчиња од колекциите на познатите дизајнери, но некои од нив имаа и модни промашувања

За WOW на неделата ја избравме Суки Ватерхаус. Иако изгледа едноставно, сепак за промена добро е да се види во малку постилиризиран изглед. Црната нијанса е секогаш најдобар избор за добивање на впечатлив класичен избор, а овој пат Суки направи добра комбинација од црниот долг фустан со тенок ремен на средината од струкот, клач чанта и сако од Барбери, кое даде модерна нота на целосниот стајлинг.

За LOL на неделата ја избравме Ели Гоулдинг која на доделувањето на Британските музички награди се појави во фустан од Вивиен Вествуд.  Дизајнерката е позната по инвентивноста и креативноста и токму затоа треба да се биде внимателен во изборот на аутфитот во однос на целосниот стајлинг. Пејачката во оваа тоалета изгледа како да е невеста, која направила погрешен избор во однос на формата на креацијата со нејзината телесна структура. Волуменозниот долен дел од фустанот дополнително допринесува таа да изгледа како да има проблеми со килограмите. Токму затоа ова е неделното модно промашување.

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Без категорија