На црвениот килим можеа да се забележат впечатливи аутфити, но и тотални промашувања.

За WOW на неделата ја избравме Кимберли Вилијамс - Пајсли, која воодушеви со долгиот фустан во мастило нијанса, со металик ефект и шлиц од страната, од дизајнерката Ромона Кевеза. Изгледот го комплетираше со црни сандали, ѓердан и минимална шминка.

За LOL на неделата ја избравме пејачката Гречен Вилсон, која повеќе изгледаше како да била излезена на прошетка, отколку на доделување на Кантри наградите. Таа изненади со својот аутфит, кој беше комбинација од изресени фармерки, со чизми до колена и црна маица. Со самиот статус на ѕвезда, познатите личности задолжително треба да внимаваат кога се појавуваат на манифестации од јавен карактер, а конкретниот случај е пример за тоа како не треба да изгледа личност која ужива таков статус. Токму затоа, Гречен Вилсон е избрана за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија