За WOW на неделата ја избравме Кара Сантана која на забавата на GQ за машката модна недела во Лондон се појави во бел комплет од широки неструкирани панталони со сако закопчано на средината, а бидејќи не носеше маица или градник, до израз дојде длабокото V  деколте кое ни најмалку не изгледаше вулгарно, туку напротив стилизиризано во модерна конотација. Изгледот го комплетираше со плик чанта, бели сандали со отворени прсти, впечатливи обетки, косата собрана во пунџа и драматичена шминка со нагласување на очите, односно smokey eyes.

За LOL на неделата ја избравме Коко Роча која на хуманитарната забава на Fragrance Foundation се појави во креација на Зак Посен, но кројот и формата на истиот дефинитивно привлекоа внимание во негативен контекст. Односно моделот има прекрасно тело кое до израз се истакнува преку долниот дел на фустанот бидејќи е во сирена форма, но тоа што збунува е повеќе слојниот горен дел кој прави да изгледа како таа да е без раце, а исто така изгледа како воопшто да не е функционален за носење. Токму затоа Роча е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија