За WOW на неделата ја избравме Марион Котилард која на премиерата на филмот „Time out of mind“ во Њујорк се појави во спортско – елегантна комбинација која воодушеви. Француската актерка на црвениот килим пристигна облечена во црни шорцеви, бела маица и палто со асиметричен крој во пастелно сина нијанса од Кристијан Диор, парче кое внесе ефектност во целокупниот изглед, кој Карион го комплетираше со едноставен модел на црни салонки.

За LOL на неделата ја избравме Клое Грејс Моретс која на PSLA  Autumn Party се појави во краток црн топ од Дона Каран и пенкало здолниште со принт. Кратките топови се актуелно парче кое лесно се комбинира како со панталони, така и со здолништа, но сепак и овој како и многу други трендови бара селекција при комбинирање, но и реален став за тоа дали парчето воопшто е наменето за одредена телесна конституција. Во конкретниот случај краткиот топ дополнително придонел горниот дел на Клое да изгледа погломазно од долниот дел, недостаток кој треба да се прикрие со идеално парче облека.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија