Направивме кус преглед на модните хитови и стилските утки од црвениот килим на настанот што со право се нарекува „моден Оскар“. Гостите на овогодинешната гала вечер имаа зададена тема - панкот и високата мода!

 

WOW 

 

Rooney-Mara-Met-Gala-2013 (1)

Руни Мара 

 

Пофалби за изгледот добија Ен Хатавеј која се појави со бланширана кратка фризура и транспарентен фустан на Валентино од 1992 година и која изгледаше како современа панк-икона, како и Сара Џесика Паркер која направи необичен, ама успешен микс на шарена тоалета од Џајлс Дикон, високи чизми на Кристијан Лубутан и украс од пердуви на Филип Трејси, создавајќи елегантен пристап на панк-темата. Ама за најдобро облечена ја избравме Руни Мара, која носеше бел фустан од тантела, направен специјално за настанот од страна на Рикардо Тиши од Живанши. Иако актерката не ја сфати темата буквално (како некои од гостите), етеричната тоалета беше украсена со патенти, што заедно со стајлингот во кој доминираа темните усни, изгледаше како беспрекорен спој на тешки и меки елементи. Сѐ заедно претставува одличен омаж на темата за панкот во високата мода.

 

PicMonkey Collage

Сара Џесика Паркер и Ен Хатавеј 

 

LOL 

 

kim-kardashian-MET-gala-2013-the-jasmine-brand

Ким Кардашијан 

Во категоријата најлошо облечени се најдоа Мадона (трагично е да гледате 54-годишна жена облечена исто како некоја 14-годишна девојка за Ноќта на вештерките) и Мајли Сајрус (претенциозно смешен превод на панк-естетиката), ама за LOL ја ибравме Ким Кардашијан која толку многу сака да ѝ се доближи на модната елита, ама никако да го допре врвот. Откако после години молење конечно доби покана (инаку јавна тајна е дека уредничката на Vogue, Ана Винтур, со години ѝ го забрануваше влезот на престижниот настан), Ким наместо да блесне на црвениот килим, се појави во фустан направен од метри и метри ткаенина со нападен цветен дезен, искомбиниран со долги ракавици и сандали од истиот принт, спој кој проектираше сосема погрешни вибрации на некаков романтичен панк-стил. Таа е доказ дека стилот не се купува со пари, без разлика колку и да ги имаш многу и колку многу да се обидуваш да се „трансформираш“ во модна икона.

 

PicMonkey Collage1

Мадона и Мајли Сајрус 

 

 

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Без категорија