Ѕвездите прават селфи за насловната на Interview

2 септември 2015

Денешната генерација по многу работи слободно може да се нарече „селфи генерација“, а тоа младите го имаат докажано безброј пати. 

Викторија Бекам

Токму на феноменот „селфи“, магазинот Interview му посвети дури осум различни насловни страници, на кои можеме да ги видиме кралиците на „селфи“ фотографиите, меѓу кои и Ким Кардашијан, Мајли Сајрус, Мадона, Џенифер Лопез, Викторија Бекам, Селена Гомез, фотографот Мерт Алас и Зен Малик.

Мадона

Ѕвездите имаа можност сами да го одберат стајлингот, позата и сценариото во кое ќе се појават на насловната на магазинот, а сосема очекувано, речиси сите се појавија во разголени изданија или со малку облека на себе. 

Ким Кардашијан

Дефинитивно најголем впечаток од сите остави прекрасната 46 – годишна пејачка и актерка Џенифер Лопез која за насловната одбра секси црн костим за капење во кој изгледа неверојатно добро. 

Џенифер Лопез

Како и секогаш, најголеми контроверзии предизвика 22 – годишната Мајли Сајрус, која се појави во недолични пози заедно со нејзиниот пријател, фотографот Мерт Алас. 

Мајли Сајрус

Погледнете ги одбраните фотографии за осумте насловни на Interview магазинот. 

Објавено:
2 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.365 пати