По 10 години Мадона повторно соработува со Версаче

4 декември 2014

Очигледно Мадона се почесто ќе ја гледаме на насловните страни од магазините и во кампањите на модните куќи. Иако пред неколку денови шокираше со скандалозните фотографии за магазинот Interview, за чии потреби позираше во топлес издание, сега повторно е актуелна, но во сосема друга конотација.

Мадона официјално е заштитно лице на пролетно/летната кампања на Версаче за 2015 година. Пејачката втор пат соработува со модната куќа и тоа по речиси десет години. Црно – белите фотографии се дело на фотографската двојка Мерт и Маркус, со кои пејачката прв пат соработуваше за оваа кампања, а токму Мерт Алас пред неколку часови прв сподели фотографии на својот профил на Инстаграм, со што официјално ја најави успешната соработка.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Сцена