20 оригинални идеи за дизајнирање на вашата бања оваа сезона

11 јуни 2014

Пролетта е дефинитивно време кога сите посакуваат промени во својот дом, а што е поубаво од свежа и колоритна промена во вашата бања!?

Токму бањата е дел од домот во кој не се прават промени многу често, но кога истите ќе бидат направени, мора да бидат вистински и навистина уникатни.

Ние за вас, ги издвоивме најубавите 20 бањи за оваа сезона, дел од прекрасни домови на креативни луѓе ширум светот.

Најголем впечаток нам дефинитивно ни остави „морската“ бања чиј ентериер е многу лесно да се префрли и во вашиот дом.

Доколку имате време и можности, или пак се вселувате во сосема нова куќа или стан чија што бања само чека да биде претворена во ремек дело, тогаш следната галерија е она што единствено ви е потребно за инспирација.

Без разлика на тоа дали ќе одберете бања дизајнирана во урбан дух или пак нешто сосема винтиџ и безвременско, обидете се во сѐ што правите да внесете ваш печат, односно нешто што ви е особено драго за уште поголемо уживање во свежите моменти во вашата уникатна бања!

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија