Ако оваа пролет планиравте одново да го уредите вашиот дом и потребна ви е некоја идеја, тогаш ова е текст за вас.

Ѕидот со цигли важи за еден од најпосакуваните детали во домот, а верувајте дека истиот целосно ќе го промени изгледот на било која соба во која ќе се решите да го направите.

Благодарение на неговата текстура, ваквиот ѕид ќе внесе топлина во секој простор и ќе креира удобна атмосфера во која секој ќе сака да ужива.

Овој ѕид ќе ја украси вашата дневна или спална соба, а истиот можете да го направите и во бањата или во ходникот.

Многумина овој ѕид го користат за да закачат некои фотографии или уметнички слики со што се добива уште поубава верзија од истиот.

Неодоливи се и ваквите ѕидови направени во кујнскиот простор, каде може да поставите цвеќиња или пак некои интересни светилки.

Пред да се решите на ваков чекор, секако треба да се консултирате со соодветни луѓе за заеднички да ја одберете бојата што ќе одговара во просторот и самиот начин на кој истиот ќе биде изработен.

Доколку ви треба малку инспирација, истата ја имате погоре во галеријата.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
16 март 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.344 пати