Доколку планирате да го преуредувате вашиот дом и да му дадете нова енергија, во продолжение ви посочуваме неколку основни правила како тоа да го направите, а да не ве чини многу.
Неутрални бои за визуелно поголем простор
Ако вашиот животен простор е потесен и не е доволно простран, користете неутрални бои со цел визуелно да го „отворите“. Покрај тоа, во истата намера ќе ви помогне и поголемо огледало кое ќе го поставите на ѕидот над главната софа или пак голем, предимензиониран килим.
Помалку е повеќе
Полиците преполни со разни ситници делуваат неуредно. Со цел да ја избегнете монотонијата, размисувајте на тоа дека треба да синхронизирате предмети во различни форми, бои и големини.
Одредете фокусни точки
Доколку во вашиот дневен престој се' уште не постои еден фокусен предмет кој би го приметил секој гостин во вашиот дом, време е да селектирате таков. Тоа би можело да биде некоја ефективна уметничка слика или пак ламба во футуристичка форма што едноставно никој не би ги одминал со поглед.
Еден ѕид во темна боја
Најефективен и најефтин начин да ја освежите монотоната просторија е да одберете еден ѕид што ќе го обоите во потемна боја или на кој ќе налепите тапети со впечатлив дезен. Така дополнително ќе додадете топлина во вашиот дом.
Контраст
Со синхронизација на спротивностите ќе го разиграте просторот до максимум. Во тоа може да ви помогнат најмногу деталите или боите кои ќе доминираат. Така на пример ако во целата спална соба највлијателна е белата боја, тогаш одберете впечатливи детали во тиркизна нијанса или едниот ѕид покрај креветот обојте го во друга боја.