Фотогалерија: Што им понуди Саемот на венчавки на идните младенци

17 март 2014

Доколку пропуштивте да бидете дел од овој настан, ние ќе ви презентираме дел од штандовите кои понудија различни услуги од овој сегмент

Агенцијата за организација на настани „Ботега евенти“ на саемот се претстави со одделот за венчавки „Ботега 20“ кој е дел од агенцијата. При изработката го применуваат принципот на елегантност, функционалност и импресивност, а тоа подразбира применување на концептот на светлосни дизајн форми и осмислување на целосен дизајн за една венчавка или настан во соработка со клиентите.

Фирмата Танчевски Комерц се повеќе од 15 години присутни на македонскиот пазар, а на идните младоженци им нудат покани кои варираат од поедноставни до уникатни форми, најчесто во бела или беж нијанса во зависност од желбата на клиентите.

Бутикот за венчаници „Јасмина“ на саемот на венчаници понудија различни креации на невестински фустани кои варираат од една до друга крајност, односно тесни фистани во сирена форма или пак волуменизирани раскошни венчаници, богати со тул. Бидејќи трендот на носење велови е повторно ин, Јасмина Шаповска ни откри дека најмногу се бараат долгите велови кои целосно го прекриаат лицето.

Агенцијата Касаменто на клиентите им понуди секаков вид на бомбони, свеќници, торти, покани, односно сите детали кои се неопходни за декорација на невестинската , но и гостинските маси. Интересен податок во однос на свежото цвеќе е дека младенците ги претпочитаат орхидеите, но сепак на крај се одлучуваат за декорација со ружи.

Продукцијата Зебра понуди фотографирање и снимање на свадби од уметнички аспект, изработка на видео спотови и фотосесии. Впечаток оставаат wedding book албумите кои ги работат во различни формати и димензии. Интересен податок е дека младенците најчесто одбираат тип на фотографии кои се моментално тренди, сакаат нешто сосема различно и уникатно за разлика од нивните родители, кои сеуште се придржуваат до традицоналните принципи, па сакаат едноставни и класични фотографии.

Фирмата Чоколографија  е бренд кој е американски производ со уникатна технологија, патентирана, која овозможува печатење на самата површина на чоколадото. Фирмата е прва печатница на Балканот и користи колоритни бои од органско потекло.

Брендот Арабеска понудиме впечатлив и масивен накит со ориентален шмек кој се изрзботува според желбата на идната невеста.  Покрај различните барања, брендот ја задржува ориенталната нота, за да не изгуби од специфичноста и препознатливоста,  облеката е изработена од органски материјали, а накитот од високо квалитетни компоненти.

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Фото галерија