Дел од програмата на фестивалот е и модниот саем кој се одржува два пати годишно , а кој оваа сезона ќе претстави 1089 брендови, но и 75 женски колекции. Низ улиците на Фиренца владее карневалско лудило, а на отворањето за дополнителна атмосфера се погрижи и познатиот тенор Андреа Бочели.
Сепак тоа што привлече најголемо внимание е изгледот на Италијанците, народ познат по беспрекорниот стил, харизма и вкусна кујна. Овој пат вниманието ќе го насочиме исклучително кон припадниците на посилниот пол,. Не можеме а да не ја пофалиме смелоста во изборот на нијанси и принтови, а од уличниот стајлинг лесно можеме да дојдеме до заклучок дека ин се оделата во строго елегантно или спортско елегантна конотација, комбинација на кошули со елеци, впечатливи чевли, долги бради, а од модните додатоци особено внимание привлекуваат прстените, алките, капите и очилата со огледало ефект.
Совршен склоп на модни парчиња и додатоци, храброст во комбинација на принтови и бои – токму затоа исклучителниот стил на Италијанците ни е дополнителен мотив да истакнеме дека во модата не постојат ограничувања, а може и ќе ги поттикнеме мажите кај нас да направат смел чекор во дефинирањето на сопствениот стил.