Како изгледа канцеларијата на една од најмоќните жени во модната индустрија?

15 септември 2014

Како што и очекувавме, канцеларијата на основачката на онлајн бутикот „Мода Операнди“ и соработничката на Вог, Лорен Санто Доминго, поседува една од најубавите канцеларии на светот!

Истовремено, таа е толку ретро, но и модерна и шик, а во истата ќе најдете уникатни парчиња, почнувајќи од слики, па сѐ до чевли и дизајнерски фустани, совршено поставени онаму каде што припаѓаат.

Скоро целата канцеларија е во свежи бои, а преовладуваат оние пастелните со модерни моменти како животински принтови кај мебелот и пруги кај килимите.

Нејзината канцеларија се наоѓа во срцето на Њујорк, од каде таа и ги извршува работните обврски за нејзиниот сајт „Мода Операнди“.

Сите љубителки на модата и актуелните трендови, токму преку нејзиниот онлајн бутик, можат да ги нарачаат парчињата директно од писта, и наместо за шест месеци, истите да бидат во нивниот дом веднаш!

Во моментов, прекрасната Лорен живее на Менхетен со нејзиниот сопруг – милијардерот Андрес Санто Доминго и нивните две деца.

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија