Коко Роша е совршена во новите женствени парчиња на Зак Посен

5 јуни 2015

Омилениот Зак Посен има нова ресорт колекција, а како заштитно лице на кампањата овојпат дизајнерот ја ангажираше секогаш прекрасната Коко Роша.

collage

Дел од колекцијата се секогаш женствените парчиња што само Зак Посен знае да ги направи! Овојпат, тимот на модната куќа во колекцијата смести дополнителна доза на боја, како и ретко стилски и модерни парчиња.

Неодоливата Коко Роша на совршен начин ги презентира моделите од колекцијата, со што уште еднаш се докажа дека дизајнерот навистина знае да ги одбере заштитните лица на неговите колекции.

Помеѓу моделите се најдоа и одлични парчиња со цветен принт, совршено скроени женски костими и палта, долги мантили во неодолива зелена боја, но и секси црвени фустани и здолништа.

За сите вљубенички во елегатните креации, дизајнерот предлага и впечатливи вечерни црни тоалети, совршени за стилски појавувања.

Во продолжение, погледнете ги сите креации од колекцијата во која знаеме дека ќе се вљубите.

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија