Моќта на шминката во неверојатни „селфи“ фотографии

15 април 2014

Триесет и шестгодишниот мејк ап артист Лајл Рајмер, дел од тимот на MAC козметика, за кратко време стана ултра популарен благодарение на неговите неповторливи „селфи“ фотографии на Инстаграм.

Она што е особено интересно, е тоа што тој не прави обични „селфи“ фотографии, туку истовремено фасцинира и со неговата креативност и уметност.

Неговите извонредни фотографии, за кои како што самиот вели, му требале повеќе од три часа да се подготви, вклучуваат неверојатна тематска шминка со одлични „шапки“ на главата поради што тој „заработи“ дури 5.800 следбеници на Инстаграм за многу кратко време.

„Ја обожавам модата, опседнат сум со неа. Мислам дека има еден момент во Сексот и градот кога Кери вели дека кога се доселила во Њујорк и била без пари, повеќе сакала да си купи едно издание на Вог отколку храна, бидејќи модата ја хранела нејзината душа“, вели талентираниот мејк ап артист Лајл.

Инаку, тој официјално започнал да се занимава со оваа работа пред околу една година, откако успеал да создаде студио во неговиот дом каде сѐ всушност почнало да се случува.

Неговата најголема популарност се чини дека се случи во октомври кога неговиот Инстаграм профил беше предложен како инспирација за шминка за Ноќта на вештерките, по што за кратко време неговите следбеници пораснаа од 500 на 5.000.

„Она што е интересно е тоа што јас обожавам да собирам работи од кои подоцна создавам различни нешта како на пример креативните шапки. На пример, една пријателка неодамна ми рече дека има долна облека за фрлање, и јас ја спречив во тоа, ја земав и сега ќе направам нешто креативно“, вели Лајл.

Тој досега има употребено најразлични материјали за изработка на креациите што му помагаат подобро да се изрази покрај неверојатната шминка што самиот ја создава.

„Околу 98 проценти од фотографиите си ги правам сам. Кога имам на мене некое парче кое што е многу големо па ме спречува да се фотографирам, замолувам некој од пријателите да го стори тоа за мене“, објаснува Лајл.

Во големиот број фотографии може да се најдат и такви со креативна шапка со неговиот идол Карл Лагерфелд, но и таква со издание на Вог за кој Лајл ќе каже дека дури и луѓето од Вог му ја „лајкнале“.

Погледнете го овој неверојатен уметник кој дефинитивно ќе ви го разубави денот!

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Фото галерија