Најактуелните модели на чизми од лондонските улици

10 декември 2013

Како температурите паѓаат, аксесоарите од типот на шал, ракавици и разно разни зимски аксесоари, се додатоци кои освен што не топлат, го освежуваат и развеселуваат стајлингот. Но, на прво место ги ставаме чизмите, а ладното време речиси секогаш ни е сигнализација да ги преуредиме ланските чифта и да се подновиме со уште некој пар. Кога сме кај подновување, оваа зима најактуелни се сите стилизирани верзии на мото чизмите, од оние до глужд, до колена и над нив.

Од галеријата во продолжените  издвоивме изгледи од улиците на Лондон, каде љубителките на модата ги комбинираат на разни начини. Погледнете кои модели на чизми ги носат тие и пробајте да се инспирирате какови да си набавите, но и како да ги комбинирате.

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Фото галерија