Дизајнерката Карен Вокер за својата нова промотивна кампања за колекцијата очила за сонце пролет-лето 2014 ги ангажираше како модели своите  креативни соработници кои помогнале околу изработката на колекцијата, сите лоцирани во Кенија. Па така сега моделарите, кројачите, маркетинг промотерите во овој проект имаат и дополнителна улога на модели.

Со тоа Вокер, покрај тоа што го „искористи“ нивниот талент и креативен потенцијал, ги „искористи“ и нивните лица за колекцијата насловена „Visible“, како нејзин заеднички проект со  Ethical Fashion Initiative која како организација ги поврзува инволвираните во модниот бизнис со уметници од Африка и Хаити.

„Овој проект помогна преку фотографиите да се насочи светското внимание кон ова место, овие луѓе и нивната работа“, вели дизајнерката со потекло од Нов Зеланд.

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија