Ова се насловните страници на модните списанија за ноември
•
15 октомври 2013
Многу добро знаеме дека насловните страници на модните списанија секогаш мора да се беспрекорни со најдобрите и најпознатите модели или пак актерки.
Голем дел од списанијата своите насловни страници ги имаат договорено месеци однапред за истите да изгледаат токму онака добро како што изгледаат.
Она што нам ни остави голем впечаток се насловните страници за претстојниот месец, ноември во кој ќе можеме да уживаме со модните списанија во рака каде се најдоа некои од најдобрите манекенки.
Прекрасната Џорџиа Меј Џегер се појави на насловната на Ел Русија, додека шармантната Карли Клос блеска во фотосесијата за Вог и Ел Јапонија.
Погледнете ги прекрасните насловни на најпознатите светски модни списанија за месец ноември.