Што носеа лондончани на првиот ден од стартот на модната недела?

15 февруари 2014

Модната недела во Лондон започна, а секако со првиот ден веќе се појавија и галериите од колекциите на писта, но и уличните изгледи на љубителите на модата,  кои токму овие денови се трудат повеќе од вообичаено  да остават впечаток, односно да ги видат и да бидат видени во најдобрата комбинација. Бидејќи случувањата од Њујорк се уште се свежи, споредено со Американците кои имаат оригинален пристап и комбинации достојни за почит исто колку оние од писта, Англичаните за разлика од нив се похрабри во однос на спојувањето на парчињата.

Самоувереноста и модната храброст,  се првичниот впечаток и перцепција од нивниот изглед. Токму комбинирањето на чорапи со сандали ја покажуваа таа нивна карактеристика, како и спојувањето на принт со принт. Впечатливи бои, металик нијанси и комбинации од класични со спортски парчиња. Во продолжение погледнете ја галеријата улични изгледи од првиот ден на модната недела во Лондон.

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија