Зад популарниот дански бренд за мебел Норман Копенхаген стојат два дизајнери – Јан Андерсен и Пол Медсен. Од самото основање на компанијата, ова динамично дуо се наметна на пазарот со модерениот дизајн и беспрекорната изработка на мебелот, но и со релативно прифатливите цени.
Како што и самите велат, инспирацијата ја пронаоѓаат на светските модни писти, а и соработките со талентираните млади дизајнери кои на дневна база им испраќаат свои предлози и идеи.
Нивната нова одлична пролетна колекција содржи вкупно 18 парчиња, а како централно парче се истакнува софата Онкел.
Во понудата е и столицата My Chair која е направена специјално од кожа и материјал, а купувачите можат да бираат помеѓу 200 различни комбинации на материјали и бои.
Во продолжение погледнете ја нивната нова колекција, но потсетете се и на парчиња од нивните постари.