Модниот караван последниов период се стекна со епитетот „светски“. Од колевката на стариот континент Европа, модната толпа тргна кон освојување и на други континенти. Од шести до десетти април континентот на кенгурите, коалите и сонцето, Австралија, дишеше во модниот ритам. Во период од само пет дена почнувајќи од шестти до десетти април, посетителите на модната недела во Австралија во Сиднеј имаа можност да ги концепирааат колекциите на 72 дизајнери за актуелната жешка сезона. Свои модни перформанси имаа голем број веќе етаблирани модни имиња од земјата, но и од светот, а исто така можност за своја промоција имаа и голем број млади и талентирани дизајнери чие време допрва доаѓа.

Патувањето на другата страна од светот за да се проследи модна недела може да биде навистина освежувачка мешавина на нови стилски контрасти и акумулација на креативна модна енергија. Токму во тој дух пулсираа чекорите низ улиците на Сиднеј. Во пријатна атмосфера, уличната мода презентираше богат колорит, инвентивен спој на комбинации, неверојатен дизајн, модерни принтови и впечатливи модни додатоци. Еве дел од оние кои заслужија да добијат своја фотографска рамка.

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Фото галерија