Стилски судир во модниот сообраќај во Милано

20 јануари 2015

Градот кој перманентно поставува стилски цитати, Милано, деновиве го има најтурбулентниот зимски период. Откако заврши машката модната недела во Лондон, сите вљубеници и креатори на трендовите, се преселија во италијанската престолнина.

Преку класика интерпретирана на доста стилски и ексцентричен начин, лавината улични изгледи едноставно ги преплавија миланските улици.

Како во машките, така и во женските комбинации, доминираат класичните парчиња облека, најчесто монохроматски и споени со контрастно колоритни и впечатливи додатоци.

Модните фотографи имаат полни раце работа, бидејќи пред се на улиците може да се сретнат и личности како Ана Дело Русо и  Џастин О’Ши, кои без сомнение секогаш се инспирација со исто влијание како онаа презентирана на писта.

Во продолжение барем виртуелно почувствувајте го модниот шмек на миланските улици.

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија