Класични и винтиџ капути, спортски јакни, бунди и стилизирани зимски мото јакни се едни од најприменуваните и актуелни парчиња низ улиците на Берлин. Студенилото не ги заобиколи ни Германците кои оваа сезона го практикуваат слоевитото комбинирање на облеката. Комфорните и топли парчиња им се задолжителни, а во повеќето од изгледите низ галеријата ќе забележите дека тие ги сакаат огромните предимензионирани шалови. Исто така девојките и жените умешно комбинираат пелерини со цигара панталони и фармерки, додека од чизми омилени им се кожните мото во црна боја. Ретко која девојка ќе ја видите на високи потпетици, зашто сите ја претпочитаат удобноста и лесното функционирање преку ден. Како жените така и мажите во Берлин ја уживаат лежерноста од имиџот, а знаат да изненадат и со некој необичен зимски стајлинг.
•
12 март 2014
Објавено:
12 март 2014Категорија:
Фото галерија