Мото јакните се неизбежни од уличниот стил во Барселона

5 февруари 2014

Една од најгусто населените урбани области во Европа, градот Барселона, постојано дише во моден дух и кога нема некое важно модно случување, пред се поради тоа што Барселонците задолжително преферираат урбаност и тренди комбинации од изгледот. Црните стајлинзи  им се омилени, од кои никогаш не ги исклучуваат кожените мото јакни. Тие се „must have“ парче, што го применуваат во спој со  индивидуалистичките еклектично споени парчиња. Исто толку смели во изборот на облеката се и момците, за кои омилени се предимензионираните машки капути и големите зимски шапки. Не останува незабележано дека Барселонците практикуваат да купуваат од тамошните комерцијални шпански брендови, Зара и Манго, а како фаворити од овие две етикети ги вклучуваат: бомбер јакните, микро шорцевите и обувките.

 

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија