На преминот од лето кон есен сите сме по малку несигурни што да облечеме на себе и тоа само поради причината да не ни стане премногу топло преку ден или ладно во текот на вечерта. Пуловерите и тенките летно-есенски јакни и сакоа се вистинската солуција за ваквиот период и тоа се парчињата што ни даваат сигурност во стајлингот кога излегуваме надвор од дома. Тимот на Fashionel излезе низ скопските улици и ги забележа комбинациите на оние што беа расположени да позираат и да покажат како го замислиле својот изглед за дневна варијанта.
Од фотографиите ќе погледнете стајлинзи со макси и мини фустанчиња, цигара фармерки со некоја интересна принт маичка, како и лежерна елеганција и неизбежните кратки панталони. Во продолжение погледнете ја галеријата низ скопските улици.