Улиците на Берлин ги спојуваат различностите

12 јули 2014

Берлин е модна метрополна на уличната мода, на слободниот уметнички дух и индивидуализмот во неговата најсуштинска претстава. Во тек е Берлинската модна недела која уште повеќе го нагласи предизвикот модните писти од затворените, ВИП модни шоуа, да продолжат на оние уличните писти каде главните протагонисти создаваат своја единствена визија на она што го предлагаат големите дизајнерски имиња.

Со полни гарди дише градот кој ги спојува различностите и создава едно од сите нив. Токму таков е и уличниот стил. Слоевит, комбиниран, спој на повеќе култури, космополитски... Помеѓу воздушестите, романтични здолништа и краткиот разресен џинс, изборот е вртоглав: кожен топ со натписи, тетоважи со длабоки приказни, минималистички футуризам кај деталите, апстрактни принтови во доминација, кратки плисирани здолништа споени со кратки топови и андерграунд имиџ кој особено се забележува кај мажите.

 

 

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија