Водено-земјена нимфа во служба на модата од фотосесијата на Владимир Видановски

13 август 2014

Модно – концептуалниот фотограф Владимир Видановски од Битола во соработка со модната дизајнерка и негова сограѓанка Лили Кадинска, изработи интересна фотосесија која го носи насловот „The nymph“.  Самото име на фотосесијата доволно зборува дека инспирацијата почнува од  нимфите во грчката митологија, а од оваа фото приказна нимфата е  во „служба“ на модата.

Улогата на нимфа ја има манекенката Натали  Басоски чиј  природен дом од концептот се земјата и водата,  каде таа позира во два специјално дизајнирани фустани. Инаку, дизајнерката Кадинска подолго време соработува со Видановски, а конкретно за оваа фотосесија е вклучена само преку својот дизајн.

 

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Фото галерија