Хари Стајлс е модна тин-икона на денешницата

15 јануари 2015

Секоја генерација бира своја омилена група или пејач , апсолутно следејќи ги  како на професионален, така и на приватен план. Денешната сензација на тинејџерките ширум светот е групата One Direction, а од нив особено се издвојува Хaри Стајлс, кој ги освои симпатиите на девојките со својот  имиџ  и неодолива насмевка.

Тој е постојано дел од медиумските новитети, а приватноста одамна веќе е само скромно минато за него. Пред неколку месеци, магазинот Rolling Stone истакна дека Хaри е повеќе од поп ѕвезда и сон на секоја тинејџерка и дека во иднина се очекува голем број музичари, но и дизајнери да остварат соработка со него.

Исто така, тој е карактеристичен по хуморот и смислата за стил, кои се рефлектираат како доминантни во градењето на неговата индивидуалност. Имиџот на Стајлс е во знакот на гранџ - рок стилот, но во софистицирана верзија со преовладување на комерцијални елементи, кои даваат делумна лежерност на изгледот. Освојува со убавите очи и негуваниот изглед. Kосата му е речиси секогаш бушава и ноншалантна, а задолжително на себе има очила за сонце, накит, капа или шешир, кои совршено се вклопуваат со тесните фармерки, маици, карирани кошули и капути.

hari-stajls

Приватно и покрај светската слава Хaри се обидува да води сосема нормален живот. Неодамна го поврзуваа со моделот на Викторија Сикрет,  Надин Леополд, откако беше забележан со неа во Њујорк. Но во неговата љубовна приказна стојат и имињата на поранешната девојка Тејлор Свифт, како и името на Кендал Џенер.

Како поп сензација, тој е често дел и од модните шоуа во светските метрополи, секако доколку не е на турнеја, но во иднина се очекуваат проекти кои ќе го потврдат неговиот статус во модните кругови. Изминатата година на ревии и на црвениот килим можевме да го видиме во младешко елегантни комбинации во кои се издвојуваше.Млад, а сепак успешен, стилски доминантен, тин- сензација и сон на секоја млада девојка– тоа е Хaри Стајлс.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Модна икона