Овој кожен комбинезон сакаме да го имаме есенва

27 август 2018

Доколку веќе го правите списокот за есенски шопинг, ние имаме едно парче што веруваме ќе ви го привлече вниманието.

Се работи за кожен комбинезон, а инспирацијата ја најдовме кај моделот Надин Леополд. Се работи за модел со широки ногавици и надворешни џебови. Горниот дел е како кошула на копчиња, а горниот и долниот дел се оделени со ремен.

фото извор: instyle.com;

Комбинезонот што го носи Надин е од брендот „Зејнеп Аркај“ и таа го искомбинира со чевли со принт и зелена чанта, со што ја разигра комбинацијата.

Ние дефинитивно би сакале да го имаме ова парче во нашиот гардеробер есенва, а со оглед на тоа дека и останатите дизајнери како Ралф Лорен, Стела Макартни или Валентино, во своите есенски колекции ги вклучија токму кожените комбинезони, инспирирани од 1970-тите, веруваме дека и во понудата и на уличните брендови ќе биде токму парче во овој стил.

 

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
441 пати